„Главната тајна на Кремљ“: Независен руски медиум ги објави сите детали за здравјето на Путин

од Nikola Popovski
270 прегледи

Владимир Путин постојано е придружуван од лекар специјалист за рак на тироидната жлезда, покажува новото истражување објавено од „Дејли Мејл“. Хирургот Евгениј Селиванов од Централната клиничка болница во Москва долетал кај рускиот лидер најмалку 35 пати во црноморското одморалиште Сочи, кое е неговото омилено место за живеење.

Една од верзиите е дека тој бил третиран со стероиди, што би довело до надуен изглед околу лицето и вратот. Откривањето на истражувачкиот медиум Project (или Проект), блокиран во Русија, кој сега функционира од странство, ги поддржува теориите дека Путин објавил војна иако страда од здравствени проблеми скриени од рускиот народ. Објавени се официјални записи во кои се тврди дека претседателот е сè повеќе опкружен со голем број лекари, а на крајот на 2019 година бил придружуван од 13 од нив во Сочи, пренесува„Слободна Далмација“.

Во извештајот се споменува и неговиот продолжен период на изолација во септември, што се чини дека предизвикал конфузија кај соработниците, по што Путин ги води сите состаноци седејќи на крајот на масата од своите соговорници.

– Ветивме дека ќе ја откриеме главната тајна на Кремљ. Секако, зборуваме за здравјето на Владимир Путин – велат од медиумот „Project“.

Извештајот ги идентификува лекарите кои редовно патуваат со Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, и се вели дека рускиот претседател ненадејно исчезнал од јавноста пет пати поради медицински проблеми.

Порано имаше тврдења дека Путин боледува од рак, што Кремљ категорично негираше.

За истражувачкииот медиум од Централната клиничка болница било соопштеное дека д-р Селиванов е на службен пат и не знаат кога ќе се врати во болница.

Меѓу тимот лекари што го придружуваат рускиот претседател е и доктор Алексеј Шеглов, хирург за кој се вели дека толку внимателно го следи Путин што дури и на некои фотографии е со него.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека приказните за ракот на тироидната жлезда на Путин не се точни, ниту пак информациите во кои се тврди дека Путин бил опериран. Објавените документи ги нарече лаги.