Првиот лекар на САД, д-р Вивек Мурти, издал итно јавно предупредување за ризикот што социјалните мрежи го претставуваат за младите. Во советодавниот документ од 19 страници, д-р Мурти истакна дека ефектите од социјалните мрежи врз менталното здравје на младите се уште не се целосно познати, но постојат индикации дека создаваат продлабочен ризик по нивното здравје.
Докторот препорачува практични мерки за помош на семејствата да ги насочат децата кон ограничена употреба на социјалните мрежи. Тие вклучуваат време без телефони и гаџети пред трпеза и на семејни собири, што ги поттикнува блиските социјални врски и разговор.
Д-р Мурти ги повика и технолошките компании да воведат граници за минимална возраст и да создадат зададени регулации за децата со високи стандарди за безбедност и приватност. Исто така, ги побара властите да воведат здравствени и безбедносни стандарти за технолошките компании, врз основа на возрастта.
Во САД веќе се превземаат мерки за ограничување на социјалните мрежи. Некои држави, како што е Монтана, ги забранија услугите на ТикТок, а Јута стана прва држава што забрани услугите на социјалните мрежи за лица помлади од 18 години без изрична согласност од родителите.