Главниот осомничен за убиството на Немцов поднесе жалба за притворот

од desk3
94 прегледи

Главниот осомничен за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, Чеченецот Заур Дадаев, го обжали апсењето, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на прес секретарот на Окружниот суд на Басмани во Москва Ана Фадеева.

Image_4650181_126

“Поднесената жалба од одбраната на Дадаев во која тој сака укинување на мерката притвор “, рече портпаролката, цитирана од “Фокус”.

Претходно Дадаев се одрече од сведочењетп, со кое признава дека извршил убиството на рускиот опозициски политичар. Според претставник на Советот за човекови права во Кремљ Андреј Бабушкин, признанијата може да биле изнудени со мачење. Бабушкин посочи дека за време на неговата посета во затвор видел “бројни рани” по телото на главниот осомничен за убиството.