Главниот рабин на Москва ја напушти Русија по притисокот да ја поддржи војната

од Stefanija Kuzmanovska
334 прегледи

Главниот рабин на Москва, Пинас Голдшмит, ја напушти Русија откако беше притиснат да ги поддржи нејзините воени акции во Украина, наведува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјавата на членот на рабинското семејство Авитал Чижик-Голдшмит.

„Конечно, можам да кажам дека мојот свекор и свекрва, главниот рабин во Москва, Пињас Раби и Дара Голдшмит, беа под притисок од властите да ја поддржат ‘специјална операција’ во Украина – и одбија“, објави на Твитер Авитал Чижик-Голдшмит.

Главниот рабин во Москва бил под притисок на властите да ја поддржи специјална операција во Украина, што тој го одбил.

Слични содржини