Главниот советник на Ердоган: Посветени сме на одвраќање на руската агресија врз Украина

од Milan1
282 прегледи

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и Ибрахим Калин, главен советник на турскиот претседател Ердоган, разговараа за посветеноста на „одвраќање на натамошната руска агресија врз Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Турската државна телевизија „ТРТ Хабер“ објави дека Калин му рекол на Саливан дека Турција е подготвена на  „секаква поддршка“ за решавање на украинската криза и дека утрешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „ќе придонесе за решавање на проблемот преку дипломатија“, пишува Ројтерс.

Турција понуди да посредува во кризата во ноември, а дипломатски извори минатиот месец потврдија дека Русија и Украина се отворени за идејата да и помогнат на Анкара.

Слични содржини