Интервјуто кое британскиот принц Хари и Меган Маркл ѝ го дадоа на Опра Винфри ја шокираше планетата. Коментарите не престануваат да пристигнуваат, а покрај кралското семејство, на мета на јавните критики се најде и водителката Опра.
Кога станува збор за Опра, реакциите на јавноста се поделени во врска со начинот на кој таа го водеше разговорот. Додека некои ги фалат нејзините врвни прашања, други остро ја напаѓаат затоа што, според нив, таа премногу ја прекинувала Меган.
Опра остана верна на ветувањето дека ќе постави тешки прашања за сè – па „удри“ по Меган: од титулата, преку нејзиниот син Арчи, до тоа дека кралското семејство ја „замолкнувало“.
Многу гледачи ја пофалија Опра на Твитер затоа што постојано ја притискала Меган да ги објасни своите тврдења и да понуди конкретни детали. Но, други изразија фрустрација бидејќи Опра ја прекинувала Меган неколку пати пред да го заврши својот одговор.