Гледачите на BBC не можеле да поверуваат како раперот дошол на интервју

342 прегледи

Британскиот рапер Стормзи, кој на фестивалот во Гластонбури на сцената е појави во панцир дизајниран од уличниот уметни Банкси, во вторникот во емисијата BBC Breakfast се појавил во поудобна облека, а на нозете имал папучи.

Кога стигнал во емисијаа, која се емитува во живо, на домаќините им појаснил дека случајно заборавил да облече чевли пред да дојде.

„Ма јас сум вистински идиот, потополно заборавив. Давав автограм во хотелот и влегов во такси. Тогаш сфатив, по ѓаволите, не облков патики“, им рекол на водителите и публиката.

Но, на корисниците на твитер и останатите мрежи, им се допадна неговиот лежерен изглед.

Еден од гледачите на Твитер напишал дека Стомзи сфатил “нешто што секој белец во средните години го знае, а тоа е дека папучите се закон“.

Слични содржини