Неодамна серијата „House of the Dragon“ дојде на HBO Max и моментално е меѓу најгледаните серии на таа стриминг платформа, покажуваат податоците на аналитичката компанија FlixPatrol. По објавувањето на овонеделната епизода, многу фанови на серијата се згрозени од љубовната приказна која се одвива во неа.
Франшизата на „Game of Thrones“ е позната по своите неортодоксни врски – од забранета љубов, присилни бракови до инцест, но сцените во последната епизода на „House of the Dragon“ предизвикаа бес кај обожавателите. Дури и оние кои се навикнати на чудните љубовни врски на серијата беа шокирани кога дознаа на кого Висерис гледа како нова невеста по смртта на неговата сопруга Аема на крајот од последната епизода.
Покрај фактот дека Лејди Лаена е во роднинска врска со Висерис, најмногу се згрозуваат што таа е очигледно многу помлада од нејзиниот потенцијален љубовник. Оваа разлика е јасна дури и на кадарот од далечина кога камерата ги следи одзади и ја покажува нивната разлика во висина. Следува разговор во кој 12-годишната Лаена сериозно гледа во кралот и му ги кажува зборовите што нејзините родители и рекле да ги каже, вклучително и ветување дека ќе му даде многу деца. Таа го уверила и дека нема да мора да спијат заедно до нејзината 14-та година.
Идејата за нивната врска не им се допадна на фановите. Ова се само дел од објавите на гледачите кои го изразуваат својот револт.
„Таа е бебе. Ова е толку е*ано одвратно. Како може некој воопшто да размислува за ова? Одвратно“, „Сцената на кралот Висерис и Лејди Лаена е толку морничава. Знам дека е создаден пред 1.000 години, но нивната разлика во години е одвратна“, „Овој потенцијален брак е супер зае*ан“, „Лејди Лаена е толку млада. Ја мразам оваа идеја“, напишаа твитерџиите.