Познато е дека на Мет Гала можеме да видиме прилично диви изгледи, но овогодинешниот настан веќе ги збуни луѓето, откако беше забележана мистериозна позната личност како излегува од хотелот „Карлајл“ завиткана од глава до пети.
Се разбира, никој нема претстава кој се наоѓа во чудната обвивка, но тоа не ги спречи шпекулациите.
Еден корисник на Твитер напиша: „РИЈАНА НА МЕТ ГАЛАТА ВО КАРЛАЈЛ“.
Други беа убедени дека тоа е всушност Doja Cat.
„Ако ова не е Doja Cat, тогаш дефинитивно е Лејди Гага“, коментираа други.
Годишната гала за прибирање финансиски средства, која се одржува во Музејот на уметност „Метрополитен“ во Њујорк, е позната по пристигнувањето на гостите на црвениот тепих.
Темата за оваа година е Карл Лагерфелд: Линија на убавина, која служи како ода на покојниот германски моден дизајнер кој почина во февруари 2019 година.
Главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, рече дека настанот ќе биде „многу емотивна ноќ“ за неа оддавајќи почит на нејзиниот пријател Карл Лагерфелд.