На социјалните мрежи масовно се шират фотографии кои прикажуваат неверојатна сцена – удар на гром на врвот на статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил.
Инцидентот наводно се случил за време на невремето што го погоди градот во петокот вечерта, пренесува „India Today“.
Во моментов нема официјална потврда дека настанот од фотографиите што со ентузијазам ги споделија корисниците на социјалните мрежи навистина се случил.
Lightning strikes Christ the Redeemer statue in Rio de Janeiro, Brazil. pic.twitter.com/7F8CWuGCrt
— Pop Base (@PopBase) February 11, 2023
Инаку, статуата на Исус Христос се наоѓа на врвот на планината на надморска височина од повеќе од 700 метри.
Според Националниот институт за вселенски истражувања, статуата во просек ја погодуваат шест громови годишно. Некои од ударите предизвикаа и материјална штета која мораше да се санира.
Фото: Andy Caulfield/Getty Images