Глетка која го шокираше светот: Гром удри во статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро (ФОТО)

од Nikola Popovski
197 прегледи

На социјалните мрежи масовно се шират фотографии кои прикажуваат неверојатна сцена – удар на гром на врвот на статуата на Исус Христос во Рио де Жанеиро, Бразил.

Инцидентот наводно се случил за време на невремето што го погоди градот во петокот вечерта, пренесува „India Today“.

Во моментов нема официјална потврда дека настанот од фотографиите што со ентузијазам ги споделија корисниците на социјалните мрежи навистина се случил.

Инаку, статуата на Исус Христос се наоѓа на врвот на планината на надморска височина од повеќе од 700 метри.

Според Националниот институт за вселенски истражувања, статуата во просек ја погодуваат шест громови годишно. Некои од ударите предизвикаа и материјална штета која мораше да се санира.

Фото: Andy Caulfield/Getty Images

Слични содржини