ГЛОБАЛНОТО ЗАГРЕВАЊЕ би можело да доведе до губење на цели држави: Еве кој регион е најзагрозен

од Stefanija Kuzmanovska

ГЛОБАЛНОТО загревање над 1,5 степени ќе биде катастрофално за пацифичките островски земји и може да доведе до губење на цели држави поради зголемувањето на нивото на морето во текот на овој век, предупредија експертите.

Лидерите на земјите од Пацификот, вклучително и австралискиот премиер Скот Морисон и премиерката на Нов Зеланд, Џacасинда Ардерн, во петокот присуствуваа на видео состанокот на лидерите на форумот на Пацифичките Острови, каде што разговараа за последиците од климатските промени со експерти во оваа област, пренесе „Гардијан“.

Според новиот извештај на „Гринпис“, тој регион има една од најниските емисии на јаглерод во светот, 0,23 проценти од сите глобални емисии, но страда од некои од најраните и најсериозни влијанија од зголемувањето на глобалните температури.

Последиците од климатските промени се веќе присутни овде, што може да се види во плимата и осеката, катастрофалните циклони, зголемената соленост во водата, што спречува одгледување на земјоделски култури, постојани суши и закана за островот поради зголемувањето на нивото на морето, и овие кризи се очекувани да бидат почести и посериозно додека планетата се загрева.

Предупредувањата доаѓаат откако Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПК) при Обединетите нации во понеделникот објави важен извештај за глобалното затоплување, кој покажа потреба за преполовување на емисиите на стакленички гасови за да се ограничи затоплувањето до 1,5 степени Целзиусови. На прединдустриско ниво, што е цел договорена според Парискиот договор за климата само по постојано лобирање од страна на водачите на пацифичките острови.

Во извештајот, во чија подготовка учествуваа повеќе од 200 автори, беа разгледани пет сценарија, а заклучокот е дека за 10 години температурата поставена од светските лидери како цел ќе биде надмината.

Слични содржини