„Глумеше арогантна ѕвезда“: Режисерот на Титаник за малку ќе го отпуштел Дикаприо

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Леонардо ди Каприо е еден од најомилените актери во светот – „нема лош филм“, но за малку немаше да сними еден од неговите најпознати филмови „бидејќи глумел арогантна ѕвезда“.

Приказната за најголемата поморска трагедија, потонувањето на Титаник, ја раскажа режисерот Џејмс Камерон во 1997 година. Носители на приказната беа Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо. Ди Каприо веќе беше „име во Холивуд“, а неговото ангажирање изгледаше како полн погодок за продуцентите. Сепак, режисерот не сакал само така да му дозволи да го глуми легендарниот Џек.

Во интервју за магазинот „GQ“, Камерон откри дека Леонардо за малку немало да ја добие улогата. Причината – ароганција!

Режисерот откри дека веќе ја нашол „својата Роуз“, британската актерка Кејт Винслет, која еден ден дошла во студио да го прочита текстот со Ди Каприо, за да види дали главните ликови од епската приказна „имаат хемија“.

„Леонардо влегува, ја запознава Кејт и му велам да чита“, вели режисерот и продолжува: „Лео потоа вели: Да читам? Јас не читам“, мислејќи на фактот дека тој не оди на аудиции, туку едноставно добива улоги.

Камерон открива дека во истата секунда се изнервирал и му рекол на Леонардо: „Слушај, не сакам да за**ам ваков филм ако згрешам во бирањето на актери!“.

„Едвај се согласи да чита, цело време беше одбивен, полн со негативна енергија, не изнервира сите, а потоа викнав ‘акција’! Во истата секунда сè исчезна и тој стана Џек. Тогаш знаев дека ќе биде крал на светот“.

Слични содржини