„Глупавите русокоси“ повеќе не се во мода, a по што се сега мажите ?

од Vladimir Zorba
62 прегледи

 

Популарната страница за воспоставување љубовни контакти „WhatsYourPrice“ изработи модел на „совршена жена“, според префренците на нејзините машки корисници, кој укажува дека вкусот на мажите дефинитвно е промент и „глупавите рускоси“ повеќе не се најпосакуваната партнерка.

images (23)

Според сајтот, современата „совршена жена“ треба да има темни очи како Селена Гомез, темна коса како Мила Кунис и потемен тен, налик на Ким Кардашијан.

Покрај ова, мажите сакаат и жени со памет како Ема Вотсон, со висина во просек од 175 саниметри како Џенифер Лоренс и со спортски градено тело како Џесика Бил.

Изненадувачки е и тоа што најпосакуваната жена повеќе не е со северноевропско потекло, туку со корени од Блискиот Исток.

Во досегашните вакви „модели“, мажите преферираа жени со златно-руса коса, светол блед тен и не „премногу паметни“, посочува „Дејли Мејл“.

Сепак, и покрај ваквите промени, анализата покажува дека мажите и натаму сакаат „совршената жена“ да наликува на супермодел.