Gmail официјално ја направи опцијата „undo send“ достапна за сите корисници. Опцијата овозможува мејлот кој што сте избрзале и сте го пратиле недопишан или на погрешна личност, во рок од најмногу 30 секунди „да го вратите назад“, односно да го откажете испраќањето.
Функцијата ќе поштеди од препотување многу корисници.
Функција за првпат беше претставена пред 6 години, но до оваа недела беше достапна само преку Gmail Labs, односно за корисниците кои што вклучуваат тест функции на email сервисот.
Undo Send овозможува да го откажете испраќањето на пораката по притискање на Send копчето всушност преку одложување на испраќањето на одреден број на секунди. Така вие добивате време во кое што можете да се премислите.
Функцијата ќе биде автоматски вклучена за корисниците кои што ја имале користено до сега преку Labs, а останатите ќе мораат рачно да ја вклучат преку General делот во прилагодувањата (Settings). Функцијата овозможува избор на времето кое што ќе биде достапно за откажување, односно време од 5, 10, 20 и 30 секунди, по што пораката ќе биде испратена.