Американскиот новинар Такер Карлсон објави видео од Кремљ по интервјуто со рускиот претседател во која откри дека Владимир Путин задоцнил неколку часа.
– Путин задоцни неколку часа. Тоа е неговата навика очигледно. Сите што работат со него се смееја. Ми рекоа: „Секогаш доцни“, рекол Карлсон во видеото објавено на ТикТок.
Тој изјави дека веројатно ќе му треба една година за да разбере „што се случило“.
– Путин не е некој што дава многу интервјуа. Всушност, ниту едно веќе четири години. Не е добар во објаснување. Тој е паметен, за тоа нема збор, изјави Карлсон.
Во интервјуто, рускиот претседател опширно зборувал за историјата на Русија и тврди дека Украина е вештачка држава скроена по волјата на Сталин.
-Наместо да го притиска Путин за многуте прашања со кои располага, вклучително и веродостојните наводи дека Русија извршила воени злосторства и затворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Карлсон му дозволи на Путин да манипулира со јавноста и да ја каже својата верзија на историјата, пишуваат дел од западните медиуми.