Го гледавме во „Хајлендер“ и „Пријатели“: Се самоуби познатиот актер, светот во шок

од Elena Daskalova

Актерот Стен Кирш, ѕвездата од „Хајлендер“, кој неколкупати се појави и во „Пријатели“, е пронајден мртов во неговиот стан.

Според полицијата, се работи со самоубиство, а тој си го одземал животот со бесење со јаже. Веста ја потврдила и неговата сопруга Кристин Грин, објавувајќи дека тој трагично го загубил животот.

Наводно, таа го пронашла телото во тоалетот во нивниот дом. Итната помош само констатирала смрт.

Актерот ја водел школата за глума „Стен Кирш Студиос“, која извесно време нема да работи, а Грин побарала од медиумите да ги остават на мир да жалат.

Слични содржини