Серијата „Два и пол мажи“ е една од омилените на многу генерации.
Речиси и да нема човек кој не гледал барем една епизода од оваа култна серија.
Актерот Џон Крајер ја играше улогата на Алан Харпер, татко на момчето Џејк и брат на Чарли Шин.
Првата улога Крајер ја одигра во 1986 година во тинејџерската комедија „Убавица во розово“, но најголемата слава ја стекна по серијата „Два и пол мажи“.
По снимањето на оваа серија, која траеше повеќе од една деценија, Џон напиша мемоари за сите работи што му се случиле во текот на неговата триесетгодишна кариера.
Тој продолжи да глуми, но не се појавува многу често во јавноста, а многумина коментираат дека физички се променил многу.
Што се однесува до неговиот личен живот, тој е сосема поинаков од оној во серијата. Алан нема среќа во љубовта, но Џон има. Тој е среќно оженет со новинарката Лиза Џојнер и ја имаат посвоената ќерка Дејзи.
Како што пишуваа американските медиуми, актерот во последно време е политички активен, а доказ за тоа е што беше чест гостин на подкасти, каде зборуваше за различни општествени и политички теми.