Германските пиварници беа принудени да го фрлат непродаденото пиво, поради што побараа финансиска помош од државата во времето кога се продолжува полицискиот час, објави вчера Здружението на пивари на Германија.
Германските кафулиња, хотели и ресторани се затворени од ноември, а пабовите ја повикаа државата да им помогне финансиски како дел од програмата за помош на различните индустрии во надминување на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Владата веќе им помогна на кафулињата, но не и на пабовите.
„Од недела во недела, сè повеќе пиварници, пабови специјализирани за пиво, се соочуваат со егзистенцијална закана, иако не е нивна вина и тие се третираат несолвентно“, напишаа 300 пабови од здружението ДББ и ВПБД во писмото, пренесе „Ројтерс“.
Писмото е потпишано и од пиварите Карлсберг Германија, Битбургер Браугруп, Кромбахер и Поланер.
„Заклучувањето и падот на продажбата на пиво значеа дека пиварниците изгубија голема сума пари преку ноќ. Залихи пиво вредни милиони евра беа истурени затоа што му истече рокот на пивото“, се вели во писмото.