„Го мразиш народот на кој припаѓаат и твоите синови“: Пике ги навреди Латиноамериканците, се огласи и Шакира

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира раскинаа минатата година по 12-годишна врска.

Сега, во подкаст, тој за прв пат зборуваше детално за сето ова, а се осврна и на песната „Music Sessions Vol.53“ која Шакира неодамна ја објави, во која ги прозва него, неговата мајка и неговата нова избраничката Клара Чија Марта која се споменува како главна причина за раскинувањето на овој пар.

„На почетокот беше лошо и дојде до точка кога би сакал да се фрлам од карпа“, рече Пике на подкастот.

Тој истакна и дека „некако успеал да го зачува своето ментално здравје“, но и дека верува дека единствените работи за кои вреди да се грижите се семејството, здравјето и односите.

„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има тоа на ментално ниво за личноста кон која е насочено. Излегува одлично за една личност, но не размислуваме за другата личност потоа“, рече Пике и додаде:

„Што мора да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: Ох, отидовме предалеку? Многу сум разочаран од општеството“.

Тој ги критикуваше сите обожаватели на Шакира, но и луѓето кои застанаа на нејзината страна.

Сепак, ова не е единственото нешто што го кажа фудбалерот, што наиде на негодување во јавноста. Имено, тој во еден момент имплицираше дека Латиноамериканците се „варвари“ затоа што го критикувале.

„Зошто мораше да спомнеш дека твојата поранешна е Латиноамериканка?“, „Дали мислиш дека Латиноамериканците навредуваат и малтретираат повеќе од другите, бидејќи Шакира има обожаватели од целиот свет?“, „Ти си ксенофоб“, „Го мразиш народот на кој припаѓаат и твоите синови“, се само дел од коментарите.

Набрзо и Шакира се огласи на Твитер, пишувајќи дека е горда што е Латиноамериканка и ги постави знамињата на земјите од Латинска Америка.

Слични содржини