Белгиско-британскиот тинејџер, 17-годишниот Макс Радерфорд, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладата личност која соло го обиколила светот со мал авион, со што собори два светски рекорда.
Како што пишува Си-Ен-Ен, кога ја започнал оваа авантура на 23 март – летајќи од главниот град на Бугарија, Софија, каде и го завршил своето патување – Радерфорд се уште имал само 16 години.
Неговата рута опфати 52 земји низ пет континенти, кои ги прелетал во специјално подготвен ултралесен авион Shark, чија брзина достигнува 300 километри на час.
„Сакам да ја искористам можноста да запознам млади луѓе на моето патување кои прават неверојатни работи, прават разлика во нивните заедници или дури и во светот“, напишал Радерфорд пред полетувањето.
Тој собори два светски рекорда, кои претходно ги држеше неговата постара сестра Зара Радерфорд, и стана најмладиот човек во светот што летал самостојно околу светот и исто така најмладиот човек што го направил тоа во ултралесен авион, според веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.