303
Од полицијата информираат дека скопјанец на возраст од 51-година во полицијата пријавил дека уште во јули го дал својот автомобил на поправка, но досега не му бил вратен назад.
„Д. С. (51) од с. Бардовци, Скопско, пријавил дека на почетокот на јули со Н. С. се договорил да му го поправи неговото возило, но до денот на пријавувањето Н. С. не му го вратил возилото поправено и секогаш наоѓал разни изговори“, велат од МВР.
Со пријавениот бил извршен разговор, а возилото „опел омега“ било најдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против Н. С. ќе биде поднесена пријава.