617
МВР информира Скопјанец бил погоден со дијабола од водушна пушка додека се движел пред Олимписки базен во Центар.
Според информациите на МВР, Б.М.(41) од Скопје вчера пријавил дека на 27.09. околу 23.45 часот, додека се движел со велосипед пред Олимписки базен во Центар, почувствувал болка во рамото.
Тој се упатил во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде од рамото му извадиле дијабола од воздушна пушка.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.