Го сака синот назад: Ова се аргументите од жалбата на Северина

од Elena Daskalova

Борбата на Северина за старателство над својот малолетен син продолжува и понатаму. Таа поднела жалба до судот во Загреб, наведувајќи причини зошто треба да се преиспита првичната одлука.

Адвокатите на Северина навеле дека според Конвенцијата на ОН за права на детето, Александар не бил прашан дали сака да живее со таткото, ниту пак навреме бил известен каде му е новиот дом. Поповиќ има куќи и во Загреб и во Белград и во Кипар, а во пресудата не е наведено каде ќе живее.

Се верува дека судот ќе ја разгледа жалбата по Нова година, а дотогаш Северина мора да ја почитува судската одлука која е на сила. Училишните празници Александар ќе ги помине со неа во Загреб, а потоа таа повторно треба да го предаде кај таткото.

Поповиќ во ноември го доби старателството над малолетниот син, наведувајќи дека начинот на кој таа го чувала е спротивен на интересите на детето. Со истата одлука, Северина треба да исплаќа алиментација во висина од 160 евра, секој месец.

Слични содржини