Меланија Трамп го следеше примерот на нејзиниот сопруг, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп и сè уште не се слушнала со Џил Бајден, сопругата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Доналд Трамп не го признава изборниот пораз и сè уште не договорил средби со Бајден за да го подготви за доаѓање во Белата куќа. И додека погледите на јавноста се насочени кон Овалната соба, слична е ситуацијата и во источното крило, каде сопругата на Трамп ја „откачи“ сопругата на избраниот претседател.
Во меѓувреме, Џил Бајден собира персонал и се подготвува за улогата на прва дама.
„Доктор Бајден е фокусирана на составување на својот тим, а приоритети ќе и бидат образованието, семејствата на воените ветерани и војниците и ракот“, изјави нејзиниот портпарол Мајкл ЛаРоса за „Дејли мејл“
Џил Бајден претходно изјави дека би сакала да продолжи да работи како наставник, со што ќе стане една од ретките први дами што ќе има работа надвор од Белата куќа.
Меланија Трамп сè уште не ја повикала или поканила Џил Бајден во Белата куќа да и помогне да ги подготви и објасни должностите и одговорностите на првата дама на САД, а засега не е јасно дали Трамп ќе биде домаќин на Бајден на традиционалното, приватно „примопредавање“ на должностите и клучевите во Белата Куќа.