Го украде шоуто на дедо му Чарлс: ВИДЕО од преслаткиот принц Луис насмеа милиони луѓе

од Nikola Popovski
374 прегледи

Најмладиот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Луис, привлече најголемо внимание на церемонијата на векот – крунисувањето на кралот Чарлс III.

Имено, фоторепортерите снимија како Луис неколку минути пред да го напушти кралското возило и со родителите, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, се упатува кон опатијата во која се одржува церемонијата на крунисувањето, срамежливо им мафта на граѓаните кои се собраа да го поздрават неговиот дедото кралот Чарлс Трети.

Видеото од малиот Луис како мавта кон толпата привлече големо внимание и е погледнато милиони пати на социјалните мрежи.

Да потсетиме, денеска во Лондон се одржува церемонијата на крунисување на кралот Чарлс. Илјадници достоинственици од различни делови на светот пристигнаа во Велика Британија на раскошна церемонија со која официјално ќе се означи почетокот на владеењето на кралот Чарлс III. На крунисувањето присуствува и неговиот помлад син принцот Хари, кој пристигна без сопругата Меган Маркл.

Слични содржини