Го употребиле без дозвола: За ова селфи Ким бара отштета од 10 милиони долари

од Elena Daskalova
340 прегледи

Авторите на апликацијата за додавање филтри и ефекти на фотографии, iHandy, употребиле без дозвола селфи на Ким Кардашијан во нивната рекламна кампања.

Фото: Инстаграм/KimKardashian

Но, ријалити ѕвездата нема да дозволи да се извлечат толку лесно. Таа решила да ги тужи авторите на iHandy и од нив да побара отштета од 10 милиони долари, бидејќи тие го искористиле конкретното селфи во маркетиншки цели, без воопшто да побараат дозвола од неа за тоа.

Тие пак, се бранат дека не знаеле чие е селфито, што за адвокатите на Ким е бизарно, бидејќи се работи за една од најпопуларните ѕвезди на светот.

Сепак, дури и најлојалните обожаватели на семејството Кардашијан сметаат дека Ким овојпат навистина претерала со сумата која ја бара како отштета.

Слични содржини