451
Полициски службеници од СВР Битола го денеска лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) кој околу 05.55 часот утрово во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С. (44) кој починал на местото.
Според информациите на МВР, станува збор за поранешен зет кој со мачета (голем нож) насила му упаднал во семејната куќа и ѝ се заканувал на поранешната сопруга, ќерка на осомничениот.
44-годишникот починал во претсобјето од куќата на осомничениот, веднаш откако е застрелан. Полициска екипа и јавен обвинител извршија увид, а осомничениот е лишен од слобода.
По наредба на јавен обвинтел телото на убиениот е предадено на обдукција.