Го знаеме како разгалениот братучед на Хари Потер: Популарниот актер денес изгледа сосема поинаку (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
439 прегледи

Разгалениот братучед на познатиот Хари Потер, дебелиот Дадли Дарсли се појави во дури пет дела од познатата франшиза за волшебникот. Неговиот лик го толкуваше актерот Хари Мелинг, а за оваа улога доби бројни позитивни критики.

Хари е посветен на глумата уште од дете, а улогата ја доби откако во неговото училиште се одржал кастинг.

Овој повик во животот му беше предодреден, така да се каже, затоа што неговиот дедо, Патрик Торнтон, исто така е познат актер. Имено, тој се прослави со улогата во британската телевизија „Доктор Ху“.

Иако го паметиме како пополно момче, Хари оттогаш го промени својот физички изглед, а денес ретко кој го препознава. Како неверојатно фит 34-годишник, тој продолжи да глуми и имаше забележителни улоги во „The Lost City of Z“, „The Ballad of Buster Scruggs“ и светски познатата серија „The Queen’s Gambit“.

Интересно е што почнал да слабее за време на снимањето на филмовите за Хари Потер, а на себе морал да носи вештачка маса за да ја одржи автентичноста на улогата.

Мелинг ретко зборува за својот приватен живот, а нема ни социјални мрежи. Меѓутоа, светските медиуми објавија дека минатата година бил виден како се држи за рака со шпанско-британската актерка Патси Феран, но овие шпекулации никогаш не биле потврдени.

Слични содржини