Година дена по вакцинирањето со Спутник V: Бројот на антитела сè уште е над 3.000

од Nikola Popovski
504 прегледи

Александар Гинцбург, директор на Центарот за научно истражување за микробиологија и епидемиологија „Гамалеја“, рече дека точно една година по примањето на вакцината „Спутник V“, тој извршил тест за антитела кој покажал дека бројот на антитела и понатаму е голем, заштита од Ковид-19 постои и не дека треба повторно да се вакцинира.

„Да, повеќе од 3.200. Тоа е многу висок индикатор. Целосно сум заштитен, можам да бидам донатор ако на некој му треба. Во моментов нема потреба од повторна вакцинација, ова е над сите можни граници“, рекол Гинцбург.

Тој ја примил руската вакцина на 30 март минатата година.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против корона во светот. Вакцината се базира на проучена и тестирана платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.

Слични содржини