Годините се само бројка – Бринкли изгледа добро во костим за капење и во седмата деценија

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Манекенката Кристи Бринкли, која има 68 години, позираше за насловната страница на магазинот Social Life.

Со својата фигура и држење таа уште еднаш го сруши митот за годините, бидејќи како што и самата смета дека тоа е само бројка.

Во текот на деведесеттите, манекенката Кристи Бринкли беше активна во бизнисот со моделирање и често позираше за насловните страници на модните списанија.

Ја напушти работата како модел и се занимава со производство на пенливи вина без шеќер.

„Убаво е да се ужива во чаша вино и да не се прекинат навиките за здрав начин на живот“, истакна манекенката.

Манекенката е вегетаријанка од својата 12-та година, а признала дека одамна се откажала од какви било диети.

„Единственото нешто што навистина трае е балансирана исхрана“, заклучи Бринкли.