Либерално демократската партија (ЛДП) на 13 и 14 декември 2025 година ја организира традиционалната годишна либерална конвенција која ќе го одржи во Конгресниот центар на Хотел „Александар Палас” во Скопје. На настанот ќе присуствуваат членови на партијата, како и значајни меѓународни претставници на европските либерални партии, партнери и соработници. Меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?” е посветена на европските интеграции, регионалната соработка и иднината на Европската Унија а е организирана во соработка со Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ / ALDE) и Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН / LIBSEEN).
Програмата започнува на 13ти со регионална тркалезна маса на тема „Интегрирање на Југоисточна Европа во ЕУ – Значењето на усогласеноста”. На оваа дискусија ќе се обратат Бернард Никај, генерален секретар на LIBSEEN и поранешен амбасадор во ЕУ, Наида Зечевиќ, Директор за меѓународни стратегии и комуникација на Наша Странка (БиХ), Рик Деемс, поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и потпретседател на АЛДЕ и Дејвид Чалмерс, претседател на Комитетот за меѓународни односи на либералните демократи од Обединетото Кралство. Учесниците ќе разговараат за значењето на усогласеноста со европските стандарди како клучен предуслов за успешна интеграција.
Потоа ќе се спроведе втората регионална тркалезна маса под наслов „Часовникот на проширувањето на ЕУ отчукува до 2030 – за кого?”. Своите ставови ќе ги изнесат Полин Кирке, поранешна градоначалничка на Хаг и поранешен член на Сенатот, Амар Бораначиќ, член на Раководниот тим на LIBSEEN, Маркус Кајзер, директор на проектот на Фондацијата Фридрих Науман за слобода за Западен Балкан, Горан Куревија, член на Раководниот комитет на LIBSEEN, како и претставник на ПСГ Србија. Имено, заклучокот од оваа тркалезна маса ќе го изнесе Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и Претседателка на ЛИБСЕН.
Вториот ден на конференцијата (14.12) започнува со обраќање на Моника Зајкова, пратеничка, претседателка на ЛДП и претседателка на LIBSEEN, како и Свенија Хан, претседателка на АЛДЕ Партијата, а потоа ќе биде прикажана видео порака од Марта Кос, комесарка за проширување на ЕУ.
Главното обраќање ќе го одржи Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
Следува видео обраќање на Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот Парламент.
Во рамки на програмата ќе се одржи панел-дискусија на тема „Европа инвестира во својата одбрана: дали оружјето е доволно?”. Панелисти ќе бидат Рик Деемс, поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа и потпретседател на АЛДЕ, Мемли Красничи, доскорешен претседател на Демократската партија на Косово, Маријана Пуљак, пратеничка и член на ПС на Советот на Европа, поранешна копретседателка на Центар и Ватрослав Белан, претседател на либералната партија на Црна Гора (LPCG) и поранешен државен секретар за медиуми. Панелот ќе биде проследен со коментари од претставници од регионот, а модератор ќе биде Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.
Потоа следи втората панел-дискусијата „Постигнување геополитичка, проширена и ефикасна ЕУ”. Панелисти ќе бидат Весна Пусиќ, поранешна заменик-премиерка и министерка за надворешни работи на Хрватска, Луција Тацер Перин, пратеничка во Словенија, Свенија Хан, претседателка на АЛДЕ и пратеничка во Европскиот парламент и Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и претседателка на LIBSEEN. Дискусијата ќе биде фокусирана на геополитичките предизвици, реформите во ЕУ и значењето на проширувањето. Модератор повторно ќе биде Емил Кирјас.
Конференцијата ќе заврши со заклучни забелешки од Јоко Алендер, потпретседателка на АЛДЕ Партијата, како и финален осврт од страна на Бернард Никај.
На самиот крај на конференцијата ќе се одржи и прес-конференција
Оваа конференција претставува клучна можност за ЛДП да ги зајакне своите позиции, да го обликува својот идентитет и стратегии во согласност со европските стандарди, а заклучоците и дискусиите од дебатите ќе овозможат партијата да донесе конкретни политики и иницијативи кои ја градат посилната, поинтегрирана и прогресивна визија за иднината на Северна Македонија и регионот.