Годишна стапка на инфлација во Германија 3,2 отсто: најниска од јуни 2021 година

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од октомвриските 3,8 отсто, во согласност со претходната проценка, потврди денеска германската федерална статистичка служба – Дестатис.

Инфлацијата во Германија во ноември беше најниска од јуни 2021 година.

– Стапката на инфлација ослабна петти месец по ред – изјави претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бранд.

Цените на храната во ноември се зголемија на годишно ниво за 5,5 отсто, забавувајќи се од октомвриските 6,1 отсто, додека цените на енергенсите паднаа за 4,5 отсто во истиот период, според веб-страницата на Дестатис, организација со седиште во Визбаден.

Годишната основна стапка на инфлација во Германија падна од 4,3 отсто на 3,8 отсто. На месечно ниво, цените паднаа за 0,4 отсто во однос на октомври.

Слични содржини