114
Инфлацијата во Турција во јануари достигна 57,68 отсто на годишна основа, објавија турските медиуми, повикувајќи се на податоци на турскиот статистички институт. Во декември минатата година инфлацијата достигна 64,27 отсто на годишна основа.
Истовремено, според податоците на независната групација за аналитичар за инфлација, таа достигна 121,62 отсто.
Турските власти од декември 2020 година ја спроведуваат таканаречената нова економска политика, со акцент на зајакнувањето на турската лира.