Ѓоковиќ ги поместува границите и на финансиско поле

од Nikola Popovski
255 прегледи

Новак Ѓоковиќ, првиот рекет во светот, стана првиот тенисер во историјата што, со освојувањето на Вимблдон, ја надмина бројката од 150.000.000 долари од заработката на турнирите.

Србинот го победи Италијанецот Матео Беретини во финалето на Британскиот опен во четири сета – 6:7 (4), 6:4, 6:4, 6:3.

Новак стигна до 20-тата грен слем титула, шеста во Лондон, а исто така ја надмина и бројката од 150 милиони долари.

До почетокот на Вимблдон, Ѓоковиќ во својата кариера собра 149.810.000 долари од турнирот, а со победата стигна до неверојатни 151.876.636 долари.

Роџер Федерер гледа во Новак со околу 130.000.000 долари заработка, како и Рафаел Надал, кој освоиил шест милиони помалку од Швајцарецот.

Заработка во тенис од турнири:
Новак Ѓоковиќ – 151.876.676 долари
Роџер Федерер – 130.594.339
Рафаел Надал – 124.937.195
Енди Мареј – 62.009.732
Пит Сампрас – 43.280.489
Стан Вавринка – 34.778.261
Давид Ферер – 31.483.911
Андре Агаси – 31.152.975
Томас Бердих – 29.491.328
Марин Чилиќ – 28.874.010

Слични содржини