Ѓоковиќ полугол турка автомобил, луѓе го бодрат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во Црна Гора каде што тренира со надеж дека американските власти ќе ја сменат одлуката и ќе дозволат невакцинирани лица да влезат во земјата.

Шестиот тенисер во светот е во Црна Гора со својот кондиционен тренер Марко Паники, под чие будно око вежба за да остане во топ форма.

На социјалните мрежи се појави снимка од српскиот ас како полугол турка автомобил по угорница за време на тренинг, а во позадина се слушаа гласовите на толпата која го бодри.

УС Опен е на програмата од 29 август до 11 септември, а во моментов има четири лица кои можат да потпишат исклучок за Ѓоковиќ и влез во САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by nova.rs sport (@nova.rs_sport)

Слични содржини