335
Новак Ѓоковиќ е една од најголемите sвезди на Игрите во Токио. Спортисти од целиот свет му приоѓаат за да се фотографираат и да разговараат со него, а ниту атрактивната бугарска атлетичарка Габриела Петрова не е исклучок.
Петрова се натпреварува во трискок, а на својот Инстаграм објави „стори“ во кое го означи српскиот тенисер.
29-годишната спортистка го замоли да каже нешто на бугарски јазик, на што Ѓоковиќ рекол: „Сичке добро“. Таа фраза во превод значи „сè е во ред“.
View this post on Instagram
Новак Ѓоковиќ во второто коло на Олимписките игри ќе настапи против Германецот Јан-Леонард Штруф, а тој натпревар се утрово, не пред 8:30 часот.