Ѓоковиќ се карал со судија поради безобразен навивач (ФОТО)

од Nikola Popovski
259 прегледи

При резултат 2:1 во третиот сет, Новак Ѓоковиќ морал да се приближи до главниот судија, по серијата непријатни ситуации.

Имено, еден безобразен навивач на трибините постојано правел врева за време на сервисот на Новак.

По некое време, Србинот решил да му пријде на судијата и да праша „уште колку време планира да го трпи таквото однесување“.

Судијата се обидел да го смири, а Новак покажа во насока на тоа момче.

По еден освоен поен, српскиот тенисер го прославил гледајќи го младиот човек.

Како изгледаше тоа, може да се види на фотографиите, а во преносот не се појави момчето кое не ги почитувало тениските правила.

Слични содржини