Астероидот наречен 2023 JK се очекува да прелета покрај Земјата во недела, „промашувајќи“ ја нашата планета за нешто повеќе од 1,6 милиони километри.
Според американската вселенска агенција НАСА, 2023 JK е со големина колку комерцијален патнички авион. Астероидот JD4 – кој е приближно со иста големина како 2023 JK – исто така ќе прелета во недела, но тој ќе биде речиси двојно оддалечен од Земјата кога ќе помине крај неа.
НАСА предвидува напорен викенд во вселената – уште три астероиди ќе поминат блиску до Земјата: „Синиот мермер“ со големина на автобус, JL2 2023 со големина на авион и HG11 – само седум метри во дијаметар – кој ќе се приближи на 4,5 милиони километри.
Преминот на JK 2023 можеби е многу поопасен во споредба со другите, но човештвото не треба да ги менува своите планови за викендот. За споредба, Месечината е оддалечена 380.000 километри од Земјата.
„Околу еднаш годишно, астероид со големина на автомобил удира во атмосферата на Земјата, создава импресивна огнена топка и гори пред да стигне до површината“, објави НАСА.
Сепак, пред околу 65 милиони години, астероид со големина на планина ги избриша диносаурусите и поголемиот дел од остатокот од животот на Земјата.