Голем брод се насука во Суецкиот канал, а во тек се обиди за негово извлекување, соопшти рано утрово бродскиот агент Лет Агенцис и изрази загриженост поради прекинот на глобалната трговија во еден од најпрометните канали во светот.
Додава дека станува збор за масовниот превозникот Xin Hai Tong 23, долг 190 метри. Властите на каналот веднаш не го коментираа инцидентот. Зад него се формирала колона од четири други бродови, пишува „Ројтерс“.
Бродот тргна од пристаништето Дуба во Саудиска Арабија. Xiang B12 е во сопственост на HK International Ship Lease, а со него управува Tosco Keymax International Ship Management.
Ова не е прв ваков случај. За време на силните ветрови во 2021 година, големиот контејнерски брод, Ever Given, исто така се заглави во Суецкиот канал, што го запре сообраќајот во двете насоки шест дена и ја наруши глобалната трговија.