Голем дефект на цевка на „Теодосиј Гологанов“: Жители на Тафталиџе останаа без вода

од Берта Китинска
299 прегледи

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефектот на цевка со дијаметар 400мм на ул. Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со ул. Анкарска, соопштија од ЈП Водовод.

-Имајќи ја предвид големината на дефектот, со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле. Нашите екипи заедно со потребната механизација, работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување. Се работи за сложен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато од истата, соопштија од јавното претпријатие.

Слични содржини