Голем пад на цените на акциите поради инфлацијата и колапсот на банка од Силиконската долина

од Vladimir Zorba

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, откако поради високата инфлација, централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки, а Волстрит го потресе и колапсот на Silicon Valley Bank (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти.

Слични содржини