Голем пад на криптовалутата на Доналд Трамп

од Milan1
106 прегледи

Сосема неочекувано, мим-криптовалутата на Доналд Трамп доживеа голем пад на берзата уште на првиот ден од неговото враќање во Белата куќа.

Монетата за која станува збор е „Mim Coin“ (криптовалута добиена од Интернет мем), која до сабота попладне, на 18 јануари, неколку часа по нејзиното лансирање, имаше пазарна капитализација од речиси 5,5 милијарди долари, според „CoinMarketCap.com“.

Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека го користи овој мем-токен за да ја прослави својата победа на претседателските избори и претстојната инаугурација.

„Во првата фаза ќе бидат издадени 200 милиони од овие монети, а во следните три години тој број ќе се зголеми на една милијарда“, пренесува „Аксиос“.

Сепак, веднаш по неговиот инаугуративен говор, вредноста на криптовалутата на Трамп падна за неверојатни 30 проценти, бидејќи тој не спомна ништо „крипто“ или „мим-монети“ во својот говор.

Слични содржини