Голем пад на продажбата на нови електрични автомобили во Германија

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Во Германија во февруари 2024 година се новорегистрирани 217.388 патнички автомобили, што е зголемување за 5,4 отсто во однос на минатата година.

Уделот на автомобилите на бензин изнесува 35,5 отсто, што е зголемено за 2,3 отсто во однос на претходната година.

Учеството на дизел автомобилите во статистиката за регистрација е 19,4 отсто и е зголемено за 9,7 отсто. Од друга страна, учеството на електричните возила е намалено за цели 15,4 отсто и изнесува само 12,6 отсто. Хибридите и plug-in хибридите пораснаа за 17,6 и 22,3 проценти, соодветно.

Се очекуваше голем пад на продажбата на нови електрични автомобили. Државата од почетокот на годинава ги укина субвенциите за набавка на електрични возила, а очигледно производителите ги распродадоа своите залихи од минатата година кои ги нудеа со големи попусти.

Слични содржини