Голем пакет акции од Тиквеш ќе се продава на берзанска аукција

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Македонската берза ја информира јавноста дека на 20 август 2025 година (среда) ќе се одржи јавна берзанска аукција за продажба на значителен пакет акции на компанијата ВВ Тиквеш АД Кавадарци, пишува Бизнис инфо.

Аукцијата се организира на барање на членката Еурохаус АД Скопје, согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза.

На продажба ќе бидат понудени вкупно 10.646 обични акции издадени од ВВ Тиквеш АД Кавадарци, што претставува 3,94% од основната главнина на ова друштво. Почетната продажна цена е утврдена на 10.596 денари по акција, а аукцијата ќе се одвива по моделот „се или ништо“.