Голем пожар на Кипар, евакуирани населени места, побарана помош од Јордан, Израел, Грција и ЕУ

од Илинка Илиоска
472 прегледи

Во западниот дел на Кипар, во близина на градот Пафос, избувна голем пожар, предизвикувајќи штета на домови и евакуирање на неколку населени места како превентивна мерка. Иако се преземаат интервенции од копно и воздух, пожарот сè уште не е под контрола.

Пожарот зафаќа непристапни подрачја со сува трева, ниска вегетација и дрвја. Портпаролот на противпожарната служба на Кипар, Андреас Кетис, соопшти дека земјата побарала воздушна помош од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Грчкото Министерство за климатски кризи и цивилна заштита објави дека испраќа два канадери за да помогнат во гаснењето на пожарот на Кипар.

Слични содржини