Голем удар за Турција, ќе игра без Демирал со Холандија

од Milan1
115 прегледи

Фудбалската репрезентација на Турција ќе биде значително ослабена за четвртфиналниот натпревар против Холандија бидејќи нема да може да смета на Мелих Демирал! Турскиот стопер доби суспензија од два натпревари поради начинот на кој славеше гол против Австрија во осминафиналето на Европското првенство.

Избраниците на Виченца Монтела победија против Австрија со 2:1, а двата гола за Турција ги постигна Демирал. Сепак, УЕФА неговата прослава на голот ја означи како политичка провокација.

Како што пренесува германски БИЛД, Турците затоа ќе мора да играат со Холандија без Демирал. Европската куќа на фудбалот одреди казна за турскиот дефанзивец и тој ќе ги пропушти следните два натпревари.

Тоа би значело дека Демирал би го пропуштил и полуфиналето, каде Турција во случај да ја совлада Холандија би играла со подобриот од дуелот меѓу Англија и Швајцарија.

Турскиот фудбалски сојуз веќе напорно работи на жалбата и се надеваат дека ќе ја укинат суспензијата на Демирал за да може да игра во четврт-финалето на Европското првенство.

Слични содржини