Повеќе непотврдени извештаи и видеа од експлозии доаѓаат утринава од окупираните територии на југот и југоистокот на Украина, пишува „Гардијан“.
Украинската телевизија NEXTA-TV објави непотврдена снимка од експлозија наводно од Џанкој на Крим.
И рускиот медиум РИА Новости објави дека утринава околу 6 часот се запалила трафостаница во градот.
Административниот началник на Крим, Сергеј Аксенов, кој беше назначен од Русија, рече дека се упатил кон селото Мајскоје во близина на Џанкој.
– Отидов во селото Мајскоје. Се истражуваат околностите на инцидентот. Ќе ве известам веднаш штом ќе бидат достапни информациите – рекол Аксенов во својот канал на Телеграм, а пренесува РИА.
#Dzhankoi in occupied #Crimea. pic.twitter.com/YZp1vk1Blj
— NEXTA (@nexta_tv) August 16, 2022