Голема експлозија во руско складиште за оружје во близина на Курск

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Неколку големи експлозии беа пријавени во петокот во руско складиште за оружје во близина на Курск, во близина на украинската граница. На социјалните мрежи се појавија снимки од огромни огнени печурки над селото Теткино кај Курск, објави германски RTL. Тие наведуваат дека ги провериле снимките и утврдиле дека се автентични.

Експлозијата наводно се случила при сервисирање на воени возила во руска касарна. Никој не е повреден.

Гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт, објави дека дошло до краток спој на едно од борбените возила, избувнал пожар, а потоа и експлозија.

„Никој не е ранет или убиен“, рече Старовојт.

Според него, сето тоа се случило во петокот вечерта во фабрика за шеќер во селото Теткино. Местото се наоѓа на околу стотина километри од украинската граница.

„Во населбата беа разнесени прозорци на станбени згради и социјални објекти. Моравме да евакуираме околу 300 жители. Деминери во моментов се на лице место, по што ќе започнат работите за реконструкција“, изјави гувернерот на областа Курск.

Слични содржини