Голема казна за „Мета“ поради кршење на правилата на ЕУ

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Компанијата „Мета“ е казнета со 390 милиони евра поради кршење на правилата на ЕУ за лични податоци, соопшти ирската комисија за заштита на податоци (DPC).

Како што се наведува, „Мета“ незаконски побарала дозвола за користење на лични податоци за рекламирање на Фејсбук и Инстаграм.

„Мета“, која ги поседува платформите, има рок од три месеци да го промени начинот на кој ги прима и користи податоците за целни реклами.

Слични содржини